Не можете сами да ја исфенирате косата?

НЕ МОЖЕТЕ САМИ ДА ЈА ИСФЕНИРАТЕ КОСАТА? ОВА СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ КОИ ГИ ПРАВИТЕ!

Сушењето, односно фенирањето на косата е една од честите работи кои ги правите, но дали тоа го правите на правилен начин? Ова се најчестите грешки кои ги правите при процесот:

Премногу мокра коса. Косата мора да биде 60 до 65% исушена пред да почнете да ја фенирате. Просушете ја со пешкир, исчешлајте ја, па потоа почнете со фенирање.

Не ѝ давате доволно волумен. За да и дадете волумен на косата, со рацете подигнете го коренот и така фенирајте ја. Обликот на четката не дозволува да стигнете до коренот.

Неправилна употреба на четката за коса. Со неправилната употреба на четката за коса, повеќе време поминувате во фенирање, а со тоа и повеќе ја оштетувате косата. Четката ставете ја на коренот на косата, па повлекувајте надолу до врвовите.

Неправилна употреба на производите за коса.  Тие треба да се нанесуваат умерено и да се стават на местото за кое се наменети. На пример, доколку сакате да имате волумен, производот нанесете го на коренот.

Погрешен избор на четка за коса. Доколку сакате мека и нежна коса, употребувајте што поголема четка. Округла четка со метален дел во средина може да го постигне овој изглед, но внимавајте на температурата на фенот, бидејќи металниот дел на четката брзо се загрева и може да дојде до оштетување на косата. Доколку имате сува коса, употребувајте четка со природни влакна.

Не го оставате праменот коса да се олади. Дозволете му на праменот коса да се олади на четката, па потоа фенирајте го наредниот прамен. Ова ќе ѝ помогне на косата да остане што подолго со убава форма.

Не го употребувате додатокот за фен. Доколку не го употребите додатокот, самиот фен само ќе Ви ја раздува косата на сите страни, бидејќи воздухот нема да биде концентриран само на едно место.

SLIKA-2

 

Е.С.

насловна/ gotobeautyschool.com

сл2/ mediashelf.us