Коцка козметички лед за здраво и свежо лице

Движејќи ја коцката лед по Вашето лице им овозможувате ширење на крвните садови со што се полнат со поголема количина крв и кожата почнува да дише.

Начин на подготовка:

Козметичкиот лед можете да го подготвите со помош на било која Ваша омиелна билка: нане, камилица, мајчина душица, алое, зелен чај и слично.

Две кафени лажички ситно исецкана билка се поливаат со ½ л топла вода. Се остава да отстои 3 до 4 часа, а потоа се става во калапи за лед.

Водата што ќе ја употребите никако не смее да биде од чешма. Употребете филтрирана или природна минерална вода.

Начин на употреба:

Движењето започнете го од средина на челото кон слепоочниците, пределот на очите, до брадата кон ушите, потоа до аглите на усните, на образите и по должината на носот. Наутро и навечер мачкајте го лицето со коцката лед не подолго од 3 минути, нежно избришете го со пешкир, а потоа нанесете хидратантна крема. Не заборавајте на вратот и деколтето.

SLIKA-2

 

Е.С.

насловна/dailyhealthycare.com

сл2/zdorovyda.ru