Како да ги негувате Вашите усни?

Усните се составен дел од нашето лице, па со само тоа кармините  кои се нанесуваат на нив и даваат завршница на целата шминка. Затоа, од исклучителна вашност е усните да бидат негувани,секогаш нежни и меки. Ова ќе ви помогне па создадете префектен изглед на усните со нанесување на кармин. Бидејќи, доколку на нив се наоѓаат суви делови или доколку тие се испукани, сето тоа ќе се нагласи и ќе стане доста впечатливо кога на усните ќе нанесете кармин.

Затоа потребно е да ги негувате Вашите усни преку нивен пилинг и хидратизација.

Но, немате апсолутно никаква потреба од купување на скапи препарати. Едноставно, неколку пати во неделата, кога ќе ги четкате Вашите заби, со четкичката преминете и на усните. Со благи потези, добро истријте ги усните и на тој начин ќе направите многу добар пилинг кој ќе ги отстрани сите суви делови од нив. Веднаш потоа, но и редовно неколку пати на ден, нанесете хидратантно лабело. Доста добро за оваа намена би било лабелото на Галафарм, Sensilis Lip Care од ванила и праска или лабелото од кокос кој се мои тренутни фаворити.

Така усните ќе бидат секогаш нахранети и негувани, а Вашата шминка ќе биде надополнета со извонредно добро нашминкани усни.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна/natalikelly.com