Најчести грешки кај надворешниот изглед-3 дел

Строга црна линија под очите. Кај жените во поодминати години, освен што е потешко со туш да се нанесе тенка црна линија на долниот капак на окото, тоа не изгледа дури ни малку заводливо, туку напротив ги истакнува брчките. Наместо црна боја, нанесувајте кафеави или сиви нијанси. Исто така, користете молив за очи наместо туш.

SLIKA-2

Темен кармин. Премногу темниот или премногу светлиот кармин за усни ги прави жените постари. Затоа изберете боја на кармин која ќе биде една до две нијанси потенма од природната боја на усните. Се препорачува пред нанесувањето на карминот да нанесете моливче за усни кој ќе биде иста боја како карминот.

Премногу пудра. Нанесувањето дебел слој пудра воопшто не е решение за покривање на брчките и недостатоците на лицето. Пудрата само дополнително ќе ги нагласи. Пожелно е да нанесете тенок слој течна пудра само на посакуваните делови, но не и камена пудра. Исто така, потребно е постојано да ја менувате нијансата на пудрата, бидејќи и бојата на кожата со текот на годините се менува.

Премногу руменило. Пренагласените румени образи не само што во денешно време не се in, туку, тие даваат впечаток на постара личност. Баш поради овие причини, препорачливо е да користите бронзер.

Светкави сенки за очи. Овие светкави сенки за очи наменети се за помладите. Кај постарите жени само дополнително ги истакнуваат брчките. Затоа, одлично решение се мат сенките и многу малку сјајна сенка на внатрешните агли на окото.

 

Е.С.

насловна/thebeautyinformer.com

сл2/escentual.com