Енергетски пијалaци – обратен ефект?

ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПИЈАЛAЦИ ЈА НАМАЛУВААТ ЕНЕРГИЈАТА?!

Енергетските пијалaци достапни се насекаде. Овие привлечни и практични лименки, кои особено ги привлекуваат младите од 18 до 35 години, претставуваат голема опасност по здравјето, особено ако се консумираат во големи количини.

SLIKA-2

Само една лименка енергетски пијалок може да го зголеми телесниот потенцијал, односно физичката издржливост, да го подобри расположението и концентрацијата, да го одложи сонот. Но, само за кратко време. Дејството на овие паијалоци трае околу час, час и половина. По завршувањето на дејството се јавува потреба за нов пијалок. Меѓутоа, дневната препорачана доза е само една лименка. Доколку пиете повеќе од една лименка дневно, можете да имате сериозни последици по здравјето, бидејќи страда целиот организам, а најзагрозени се:

Срцето – се нарушува ритамот на срцето и се забрзува пулсот.

Крвните садови – постојана осцилација на крвниот притисок.

Нервен систем – големо ниво на раздразливост.

Надбубрежна жлезда – се појавува адреналински замор.

Желудник – јаглеродниот диоксид го оштетува желудникот, со што се јавуваат проблеми со варење на храната.

Црниот дроб – го оштетуваат вештачките бои и ароми.

Овие пијалaци најголем проблем прават кога се мешаат со алкохол. Eнергетскиот пијалaк е моќен стимулатор, додека алкохолот голем депресор. По неколку дози алкохол, личноста станува уморна и престанува со пиењето алкохол. Но, доколку се посегне по енергетски пијалaк, неговото стимулативно дејство го намалува заморот и личноста повторно посегнува по алкохолот. Наредниот чекор е предозирање со алкохол. Отчукувањето на срцето е за шест пати поголемо од кога се консумира само енергетски пијалaк и се јавува дехидрирање на организмот.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/clickwithpassion.com

сл2/medicalnewstoday.com