Зошто да се вади накитот при миење раце?

ДОКОЛКУ СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, ВАДЕТЕ ГО НАКИТОТ ДОДЕКА ГИ МИЕТЕ РАЦЕТЕ!

Хигиената на рацете е многу важна кога е во прашање здравјето. Затоа, многу е важно рацете постојано да ги миете, бидејќи на нив има многу бактерии, но притоа никако не смеете да заборавите да го извадите накитот. Доколку не го извадите, тоа е исто како и да не сте ги ни измиле рацете. Бактериите се собираат и задржуваат околу прстените и алките.

SLIKA-2

Кога водата и сапунот ќе навлезат под накитот, тој дел од кожата станува плодно тло за размножување на бактериите. Истото се случува и кога ја миете косата, миете садови, перете алишта… Поради тоа, секогаш вадете го накитот пред да ги миете рацете.

Освен тоа што ќе можете убаво да ги измиете рацете и да ги отстраните бактериите, и накитот ќе Ви биде помалку оштетен.

SLIKA-3

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/themostpopularweddingrings.blogspot.mk

сл2/womansday.com

сл3/ebay.co.uk