Основни четки за шминкање?

Правилното но, и добро нанесување на шминката, е условена од акцесоарите со кои располагате. Рацете се одлични за наесување на пудер и сенка но, постои нешто многу подобро што ќе направи Вашата шминка да изгледа беспрекорно. Тоа се четките за шминкање. Постојат голем број на различни четки за шминкање според намена, големина и форма. Но, сепка доколку не сте професионален шминкер и немате потреба од голем број на четки.Доволни се само 4 и тоа: за нанесување на течен пудер и пудер во камен, за наесување на коректор и други течни производи, за нанесување на бронзер и руменило, и четкичка со која ќе нанесете ајлајнер ,молив за очи и сенка.

SLIKA-3

 

Slika-9

Голема рамно сечена четка– ова е основната четка која треба да се најде во несесерот на секоја девојка. Со помош на оваа четка правилно и рамномерно ќе го распоредите течниот пудер по Вашето лице, соединувајќи го со тенот . На овој начин ќе постигнете сосема природен изглед. Секако, оваа четка може да ја користите и како четка со која ќе нанесете камена пудра на Вашето лице. Она што ваквиот тип на четки, ги прави одлични за наесување н атечниот пудер  се нејзината голема густина и рамносечени влакна.

SLIKA-10

Плостната четка– ова е онаа четка со која ќе ги дозирате сите течни производи кои ќе ги нанесете на Вашето лице додека се шминкате. Со неа ќе ја нанесете потребната количина на течен пудер и ќе ја припремите пудрата за нејзино соединување со Вашето лице.Исто така, оваа четка ќе ви помогне да го нанесете коректорот на потребните делови на лцето, сосема прецизно и во толна количина.

SLIKA-11

Косо сечена четка– Ова е онаа идеална четка со која ќе ги нагласите Вашите контури. Поради косо сечените влакна на оваа летка, таа одлично лежи на лицето, па така сосема прецизно ќе ги исцртате контурите на лицето и ќе го ненсете руменилото, што ќе му даде топлина исвежина на Вашиот изглед.

SLIKA-12

Мала косо сечена четка– оваа четка има голем број на намени и затоа задолжително мора да ја имате во Вашиот несесер. Со неа ќе ги исцртате веѓите, ќе нанесете ајлајнер, ќе нанесете сенка, ќе корегирате делови од лицето. Едноставно потребна секојдневно и незаменлива четкичка.

SLIKA-1

 

SLIKA-3

 

SLIKA-5

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

насловна/b4udemo.it4zm.com