Солено „smoothie“ од зеленчук

За љубителите на зеленчукот нудиме рецепт за smoothie кој ја обновува енергијата.

Потребни состојки:

  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 3 листови зелена салата
  • 1,5 чаша „грчки“ јогурт
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

Краставицата излупете ја и исецкајте ја на неколку парчиња. Исто така, исецкајте го и доматот. Ставете ги во блендер, заедно со останатите состојки и изблендирајте.

На здравје! :-)

SLIKA-2

 

Е.С.

насловна/rd.com

сл2/myvegguys.com