Маски за совршено негувано деколте

Заносната зона на деколтето се протега од вратот до градите. Оваа зона треба да биде особено негувана, без разлика на големината на Вашите гради. Затоа, во продолжение Ви нудиме природни производи кои ќе Ви помогнат во негување на овој дел од телото.

SLIKA-2

Маска од зеленчук – изрендајте по една краставица, компир, неколку листови зелка, морков и добро измешајте. Смесата нанесете ја на деколтето и одозгора ставете топол пешкир претходно натопен во чај од камилица. Оставете да стои така 20 минути, а потоа истуширајте се со млака вода. Ова ќе Ви ја врати еластичноста на кожата, а со тоа таа ќе делува меко и затегнато.

Маска од јагоди – измешајте 6 големи јагоди со 1 белка од јајце. Нанесете ја маската на деколтето и оставете ја да стои 30 минути, а потоа истуширајте се со млака вода. Маската ќе ѝ даде сјај и еластичност на кожата.

Маска од јаболко – изрендајте едно нелупено јаболко и измешајте го со една супена лажица мед. Оставете ја да стои 30 минути и потоа истуширајте се со млака вода. Оваа маска ќе овозможи зацврстување на градите.

 

Е.С.