Љубовни зборови: Те молам

ТЕ МОЛАМ

Те молам дојди

и однеси ме,

знаеш дека најмалку сакам да молам,

но овојпат го рушам секое парче гордост

во мене,

и те молам дојди и носи ме далеку,

каде што ќе ти текне и ќе посакаш,

само да излезам од овде,

да дишам и да се родам,

да живеам живот.

Можам и да ти клекнам на колена,

иако тоа не личи на мене,

да те молам додека не се согласиш,

бидејќи само ти можеш да ме спасиш.

Не ме прашувај ништо,

само дојди,

подади ми рака,

јас ке дојдам без да се свртам назад.

Бидејќи сакам да почнам нов живот.

Сакам да се родам.

Ц.Б.