Што мислат стоматолозите за лимонадата?

Лимонадата е поим за врвно освежување во топлите денови, но и за лечење на настинки.

Познато е дека многу јапонци секое утро здраво го започнуваат денот со по една шолја топла вода со лимон, со што го поттикнуваат метаболизмот и го хранат телото со витамин Ц. Тоа јасно може да се види на нивната кожа и фигура.

SLIKA-2

Сите стручни лица се сложуваат дека лимонадата е многу здрава, освен стоматолозите. Еве ја причината:

Стоматолозите велат дека не треба да се претерува со консумирањето лимонада, доколку сакаме да си ги зачуваме забите. Лимоновата киселина може да ја уништи забната глеѓ, но и да доведе до појава на кариес.

Доколку премногу пиете лимонада, би било добро да ја намалите количината за да не дојде до несакани последици. Исто така, поголемата количина на лимон, можете да ја замените со свежа краставица.

SLIKA 3

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/adashofginger.co.uk

сл2/virginpure.com

сл3/lifehack.org