Лакирањето нокти никогаш полесно

Колкупати до сега сте посакале да си ги налакирате ноктите подлегнати на кревет, а при тоа да не водите сметка за тоа дали ќе Ви се истури содржината во шишенцето? Секако дека сите знаеме каков е резултатот од неуспешно балансираното шишенце со лак.

Конечно „Tweexy“ има решение за овој проблем! Овој изум е во вид на силиконски прстен кој е мек и флексибилен на дебелината на секој прст, налик на лижавче и достапен е во три бои: циклама, темно сина и тиркизна. На врвот на прстенот се наоѓа држачот кој се прилагодува на сите видови шишенца за лак. Исто така, овој прстен овозможува налакираните нокти да останат убави, со тоа што можете едноставно да го извадите со повлекување нагоре и да го префрлите на другата рака.

slika-2

Овој „изум“ можете да го порачате преку интернет по цена од 15 долари.

 

Е.С.

насловна/theroyalwild.com

сл2/thecarousel.com