Причини за консумирање на црно чоколадо

Црното чоколадо е многу корисно за здравјето на човекот, а за тоа постојат повеќе причини:

Црното чоколадо ги согорува масните наслаги во телото, го намалува ризикот од инфаркт, го намалува крвниот притисок и го штити организмот од стрес.

Со секојдневното консумирање на две коцки црно чоколадо се добива истиот ефект како секојдневно да пиете по еден аспирин, кој ја намалува коагулацијата на крвта и го намалува ризикот од запушување на крвните садови.

Количината на консумирање црно чоколадо треба, сепак, да се ограничи. Најдобро е да консумирате црно чоколадо кое содржи 70% какао. Лековитите својства доаѓаат од присуството на антиоксидансите.

Исто така, помага и при намалување на телесната тежина, бидејќи содржи кофеин и теобромин – материи кои ги согоруваат маснотиите.

SLIKA-2

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/bestfon.info

сл2/telegraph.co.uk