9 начини на користење на јаболковиот оцет

Јаболковиот оцет е одличен за превентива од мозолчиња, овозможува подолго траење на лакот за нокти… но, тоа е само почеток. Ви нудиме уште многу негови начини на користење:

Смирување на кожата – Наполнете ја кадата со вода и во неа ставете 240мл јаболков оцет и вашата омилена купка. Лежете во вода 15мин. Ph вредноста на јаболковиот оцет е слична со Ph вредноста на киселиот слој на кожата, па така, би се постигнал баланс.

Ублажете го непријатниот мирис на стапалата – Измешајте една шолја јаболков оцет со четири чаши вода. Потопете ги стапалата со оваа мешавина и држете ги 15 мин. Потоа исплакнете ги и исушете ги. Ова ќе ви ги освежи стапалата.

Тонер за лице – Измешајте една лажица јаболков оцет со две шолји топла вода. Откако ќе го измиете лицето, натопете едно памукче и натапкајте го на лицето. Не плакнете. Ова ќе ја подобри циркулацијата на кожата на лицето.

Третман против перут – измешајте оцет со вода и со тоа измасирајте ја кожата на главата пред да нанесете шампон. Исто така, можете да ставите една лажица оцет во шампонот. Оцедот во себе содржи природна состојка која се бори против габите и бактериите од кои настанува перутот.

Сјајна коса – Измешајте две лажици оцет со шолја вода и со тоа измијте ја косата по шампонирањето. Нанесете балсам и ќе добиете сјајна коса.

Ублажете ја болката од убодот од инсекти  – Натопете памукче со оцет и ставете го на местото од убодот. Така ќе го ублажите чешањето и ќе го убрзате процесот на заздравување.

Ублажете ги изгорениците од сонцето – Измешајте пола шолја оцет со четири шолји вода. Со ова натопете една крпа и ставете ја на изгореното место. Помага во балансирање на Ph вредноста на кожата, а со тоа и во оздравувањето.

Проблем со раст на влакната – Натопете едно памукче со јаболков оцет и нанесете на проблематичното место. Доколку на посакуваното место кожата ви е оштетена, претходно нанесете мед и исплакнете го после 5 мин. Ова ја смирува и омекнува кожата, така што влакната побрзо ќе излезат на површина.

Третман против отоци и модринки – Натопете едно памукче со оцет иставете го на отеченото или модро место и заврзете го со завој. Оставете го да отстои еден час. Ова ќе ја смири повредената област и ќе помогне во циркулацијата.

SLIKA-2

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/phunuvagiadinh.vn

сл2/healthtap.com