5 работи кои најмногу сакате да ги правите?

Да пијам кафе наутро во мир и тишина или убава тивка музика во позадина, читајќи списание или убави вести на Интернет.

Да пешачам.

Да играм на убави песни.

Да пијам топло чоколадо или овошен чај на дождливо и ладно време.

Да пијам лимонада на убаво и сончево време.

ГАЛА-девојка, 26

 

Да си играм со мојата 5 годишна внука.

Да се шетам покрај морето во лето.

Да пијам кафе со мојата најдобра пријателка.

Да одам на шопинг.

 Да пеам.

ГАЛА-девојка, 27

 

Да го гледам зајдисонцето во лето.

Да одам по песок.

Да пешачам и размислувам на убаво време.

Лето на море.

Да вежбам.

ГАЛА-девојка, 26

 

Да патувам.

Да цртам во слободно време.

Да купувам козметика.

Да се рекреирам на планина и да дишам чист воздух.

Да сакам.

ГАЛА-девојка, 24

 

Да јадам убава храна.

Да возам велосипед на убава патека.

Да вежбам јога.

Да ги мирисам убавите цвеќиња во пролет.

Да правам изненадувања за најблиските.

ГАЛА-девојка, 28

 

Да пијам кафе на сончево време.

Да пијам цеден портокал после добро вежбање.

Да одам на масажа за релаксација.

Да пеам и играм во дискотека на добра музика.

Да спијам до покасно.

ГАЛА-девојка, 23