ВО СКОПЈЕ…

ВО СКОПЈЕ…

 

Сакам да шетам: Низ Чаршија. Никогаш не ми е досадно и мислам дека нема да ми се здосади. Храна, луѓе, атмосфера.. не ​​одам толку често колку што сакам, ама може некогаш ќе успеам да се преселам таму.

Уживам кога го правам ова: Да гледам и да купувам сребро, пак во Чаршија. Просто да му е жал на човек што не е октопод.

Секогаш ќе имам убави спомени од: Радиус од 100-200 метри од моето школо, Ленин. Еден тон спомени од детството ми се врзани со тој дел од центар. Живеев и кратко до италијанска амбасада во стан со тераса најубава на свет, така што, центар ми е дома.

Го сакам утрото бидејќи: Ама тоа ептен рано утро, кога најретко станувам, или што го дочекувам. Сите ќутат, а денот делува прекрасно долг.

Ја сакам вечерта бидејќи: Како и во рано утро, поголеми се шансите за тишина. И затоа што е време на инспирација.

Го сакам Скопје бидејќи: Е урбано, бетонско, историско и дома. Дека е феникс и господин човек.

SKOPJE-2

 

SKOPJE-3

 

SLIKA-4

 

Одговорил: Јана Мишо, блогер на skopjeandme.com