Домашен лосион за мрсна и проблематична кожа

ПРОБАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОМАШЕН ЛОСИОН ЗА МРСНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

Лосионот од краставица одлично ја хидрира, храни и тонизира кожата на лицето, го ублажува воспалението, ги отстранува акните и го подобрува тенот.

Овој лосион можете да го направите сами, а затоа Ви нудиме рецепт:

Потребни состојки:

2 краставици

70% алкохол или домашна ракија

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Заедно со кората, краставиците ситно исецкајте ги или изрендајте ги на крупното ренде. Ставете ги во тегла и прелијте ги со алкохол. пропорцијата треба да биде 1:1. Затворете ја теглата и чувајте ја на сонце 12 до 14 дена. Потоа, прецедете ја содржината и лосионот чувајте го во фрижидер.

Начин на употреба:

Лосионот употребувајте го секое утро и секоја вечер, но исто така, можете да го користите и во текот на денот за чистење лице. Разликата можете да ја забележите по 2 до 3 недели употреба.

Доколку имате нормална или комбинирана кожа на лицето, лосионот разредете го со зовриена вода. Количината на водата треба да биде иста со количината на алкохолот.

SLIKA-3

 

Е.С.

*За примена на овие совети, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/makeupandbeautyhome.com

сл2/native-american-traditions.com

сл3/healthgiveslife.com