Фарбање на косата во домашни услови

По правило, секогаш косата се фарба цела, од коренот до врвовите. Доколку посетувате фризер, тој ќе знае како да ја офарба и да не ѝ се одземе од квалитетот, а воедно истиот и да се подобрува при секое фарбање.

Поголемиот број на жени косата ја фарбаат во домашни услови. Притоа, не се води сметка за погрешниот начин на употреба на бојата, туку, најважно е косата да има некаква боја и белите влакна да се целосно или делумно покриени.

Доколку се двоумите која фарба е подобра: онаа со амонијак или онаа без, слободно можете да се одлучите за било која, бидејќи ако не содржи амонијак, сигурно во пакувањето има некаква замена.

SLIKA-2

Доколку го фарбате само коренот, тогаш вашите врвови ќе бидат посветли во однос на офарбаниот корен. Ова е најдобар начин да го сочувате квалитетот на косата. Освен тоа и природната – нефарбана коса секогаш е посветла на врвовите во споредба со коренот. Значи, добиениот ефект од ова фарбање е природен.

Доколку ја фарбате целата коса при секое фарбање, тогаш големи се шансите вашата коса да е многу оштетена. Овој начин е оној кој треба да го избегнувате, освен доколку бојата на косата треба да има интензивна боја како црвена или бакарна. Со тек на времето, вашата коса, поради оштетеноста, веќе нема да може да го задржи пигментот, па и бојата нема да биде рамномерна.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна/parultau.net

сл2/ask.com

сл3/institutefornaturalhealing.com