Најголеми предизвикувачи на мозолчиња

На територијата на Австралија, направени се низа истражувања во врска со појавата на мозолчињата. Според тоа, се доаѓа до заклучок дека тие се почести претежно, кај тинејџерите кои живеат во индустриски развиените подрачја, во однос на тинејџерите од руралните подрачја и дека исхраната има најголемо влијание врз нивната појава.

Истражувањето е направено врз две групи, млади лица на возраст од 15 до 25 години. Сите овие лица имале некаков проблем со мозолчињата.

Храната која им ја давале на првата група се состоела само од риба, немасно месо, овошје и зеленчук. Лебот и засладените житарки целосно биле тргнати од употреба. Храната, пак, на втората група се состоела од секакви видови, ништо не било одземено, од она што и претходно тие си го консумирале.

SLIKA-2

По цели 4 месеци, разликата била очигледна. Кај првата група, онаа која имала здрава исхрана, мозолчињата биле намалени, а состојбата била многу подобра за разлика од тогаш кога се користеле различни медицински препарати.

Според ова истражување, се доаѓа до заклучок дека масната исхрана која што е карактеристична за младите, негативно влијае врз здравјето. Белото брашно, разните видови на засладени житарки и храната популарна како „fast food“, го зголемува нивото на хормоните кои директно се поврзани со појавата на мозолчиња.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна/acnebestguides.com

сл2/learntocookbadgergirl.com

сл3/metro.co.uk