Рокот на употреба на козметичките производи

Рокот на употреба на производите за нега и убавина е:

  • Парфем – од 8 до 10 години

Некои парфеми можат да траат највеќе до 10 години. Чувајте го вашиот парфем настрана од сончева светлина за да може да го задржи својот оригинален мирис.

  • Лак за нокти – до 1 година

Постариот лак нема да ви ги направи ноктите кршливи, но при нанесувањето ќе остава мали грутки и меурчиња, а тоа секако не изгледа убаво!

  • Крема за сончање – до 1 година

Три збора: рок на употреба! Бидејќи целата причина на неговото постоење е да ја заштити кожата од УВ зраците, важен е рокот на употреба. Особено ако користите препорачана крема за сончање од дерматолог, таа не треба да ја користите повеќе од една сезона.

 

slika1

    • Хидратантна крема – до 6 месеци, а доколку е во шише со пумпица до 1 година.

    Користете чепкалки за уши, а не прстите кога ја вадите кремата од кутивчето.

    • Маскара и туш за очи– од 3 месеци

    Поради тоа што се во течна состојба, маскарата и тушот за очи се сушат многу брзо. Доколку пред брзо време сте имале некаква инфекција на очите, фрлете ги веднаш. Сигурно не би сакале да ја добиете пак!

  • Шминки во прав – до 2 години

Бидејќи сенките, ружот, камената пудра, се нанесуваат со четкичка, таа секогаш мора да биде чиста, за да им го продолжите рокот на траење. Во спротивно, само ќе го намалите.

  • Течна шминка – од 6 месеци до 1 година

Станува збор за пудра, коректор, сенки. Кога станува збор за течна шминка, тогаш во прашање е текстурата. Доколку осетите ситни зрнца при размачкување, веднаш заменете ја со нова.

  • Кармин – до 1 година

Доколку вашиот кармин повеќе не се размачкува како путер, тогаш време е да го фрлите. Истото важи и за сјсјот за усни. Чувајте го на темно и суво место.

  • Течна основа – од 6 месеци до 1 година

Без разлика дали ја нанесувате со четкичка или со прсти, тие секогаш мора да бидат чисти (по секое користење). Во спротивно, вие нанесувате бактерии по вашето лице.

 

Е.С.