Зголемени килограми за време на празниците?

НАМАЛЕТЕ ГИ КИЛОГРАМИТЕ КОИ ГИ ЗГОЛЕМИВТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИКОТ

Единствената „негативна“ страна на сите празници е тоа што секогаш се прејадуваме, а на крај тоа резултира со вишок килограми. Затоа, доколку ви пречат, најдобро е што побрзо да се одлучите да ги намалите килограмите, а и да го исчистите организмот од токсини.

Ви нудиме рецепт за детоксификација на организмот, а со седумдневна примена на овој рецепт можете да ослабете дури 7 килограми.

Потребни состојки:

  • 2 дцл дестилирана вода
  • 2 супени лажици јаболков оцет
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица цимет

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во стаклен сад, добро промешајте и затворете го. Чувајте го во фрижидер.

Секое утро јадете по 1 супена лажица од оваа смеса. Исто така, во текот на денот треба да пиете по 3 литри вода.

SLIKA-2

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/54health.com

сл2/wallpaperscraft.com