„Smoothie“ за здрава коса и нокти

Освен што е одлична алтернатива за појадок, ова smoothie го подобрува изгледот на косата и ноктите доколку секојдневно го пиете во текот на 2 месеци.

Потребни состојки:

300 мл млеко

3 супени лажици овесни снегулки

1 банана

1 кафена лажичка мед

¼ кафена лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со мало парче банана и цимет по желба.

На здравје!

SLIKA-2

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/compassionatecuisineblog.com

сл2/ healingsmoothies.com