Зајакнете ги ноктите и забрзајте го растот

Доколку сте од оние кои не сакаат надградба на ноктите, а сакате што побрзо да имате долги нокти, Ви нудиме совет како да ги зајакнете и како да го забрзате нивниот раст со домашен регенератор:

Во проѕирен лак за нокти ставете 2 чешниња ситно исецкан бел лук и оставете го да отстои 2 дена. Потоа, секој втор ден премачкувајте ги ноктите, но не го вадете претходниот слој лак. Слојот лак можете да го извадите дури по петтиот пат, па потоа почнете од почеток. За 2 до 3 недели ќе бидете изненадени колку овој регенератор Ви помогнал при зајакнување и побрз раст на ноктите. Тие дури и ќе престанат да Ви се лупат.

SLIKA-2

Е.С.

насловна/youtube.com

сл2/ beautyandblush.com