SPA-третман во домашни услови

СПА третманите се еден од најдобрите начини за релаксација и разубавување на Вашето тело во исто време. Но, ваквите третмани во салоните за убавина се скапа инвестиција која секој од нас неможе да си ја дозводли. Затоа, денес за Вас припремив еден текст во кој ќе може да прочитате, како да направите СПА третман во домашни услови, со кој целосно ќе се опуштите и разубавите. Да започнеме:

– Започнете го Вашиот СПА ритуал со топла купка. Наполнете ја Вашата када со вода во соодветна температура која ќе направи да се опуштите. Секако нанесете и од Вашата омилена купка со пријатен мирис кој ќе ги опушти Вашите сетила. Земете чаша вино, чај или кафе, пуштете пријатна музика, запалете свеќи и изгасете го светлото. Препуштете се на потполно уживање во Вашата бања. Така ќе го опуштите Вашето тело, но, и Вашиот мозок.

За дополнителна нега на кожата на телото, наместо купка, во вашата када ставете некое етерично масло, млеко или уште подобро направете комбинација од млеко и кокосово масло. Вашата кожа по пваа купка ќе биде неверојатно мека.

– Откако ќе завршите со оваа купка, негувајте го Вашето лице. Нежно нанесете пилинг на лицето и со кружни потези масирајте неколку минути , па исплакнете го со вода. Откако ќе ја исчистите кожата на овој начин, пружете си дополнителен третман со кој длабински ќе ја исчистите кожата. Загрејте сад со вода, до степен да создава пареа која нема да е премногу жешка. Поставете го лицето над овој сад и прекријте се со крпа. На овој начин, пареата ќе ги отвори порите на Вашата кожа и таа длабински ќе се исчисти. Оставете така да делува пареата 5минути. По овој третман нанесете блага маска за лице чија нанена е хидратизација. И секако на крај, нанесете тенок слој на хидратантна крема на Вашето лице.

– И на крај, направете потхранувачки третман на Вашите раце. Пред да започнето со каков и да е СПА ритуал на раце, извадете го лакот од Вашите нокти. Потоа, во сад со топла вода, оставете ги дланките 5минути, така што кожата и кутикулите ќе омекнат. Веднаш потоа, дадете им го посакуваниот облик на Вашите нокти и отстранете ги заноктиците од ноктната плоча. Нанесете по една капка маслиново масло на секој нокт и добро втријте. По 10 минути отстранете го вишокот на масло и преминете на класично лакирање  на ноктите нанесувајќи прво базе лак, лак во боја и завршен слој. Откако добро ќе се исуши лакот за нокти, нанесете хидратантна крема. Истата постапка повторете ја на Вашите стапала.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна/songgia.com