Кога е време за нова фризура?

Без разлика на тоа колку си ја сакате својата фризур , во продолжение прочитајте ги знаците кои ви покажуваат дека е време да ја промените. Доколку се препознаете во било кој еден знак, ве советуваме да закажете третман кај фризер уште денес.

SLIKA-2

Тенка коса без волумен – во зависност од годините, од тоа какви производи за нега на косата се користат, таа ја менува својата структура, па затоа во различен животен период ни стојат различни видови на фризури. Доколку вашата коса се изретчила и изгубила волумен, време е да ја скратите.

Ви треба повеќе време за да ја средите фризурата – ако претходно за многу пократко време сте ја местеле фризурата, а сега ви е потребно повеќе време за да ја имате посакуваната фризура, ова е прав знак дека е време за промени.

Изгледате постари него што сте –  свежата фризура може да ви помогне да си го вратите младоликиот изглед. Доколку не сте сигурни како би ви стоела посакуваната фризура според изгледот на лицето, консултирајте се со фризерот.

На фотографиите од пред 5 години имате иста фризура – убаво е да имате сопствен стил, но времињата се менуваат. Сега е вистинскиот момент да ги погледнете актуелните трендови и да пронајдете стил кој ќе ве инспирира.

Ви се случила некаква промена во животот – вашата фризура не само што треба да биде во склад со лицето, туку и со начинот на кој се облекувате. Значи, доколку сте добиле нова работа и сте го промениле стилот на облекување, во иста насока и косата треба да претрпи трансформација.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна/aol.com

сл2/rd.com

сл3/dailymotion.com