Дали сладоледот му пречи на грлото?

Доаѓаат топлите денови во кои нѝ е потребни разладување. Често посегнуваме по некој ладен пијалок или сладолед, но дали тоа може да ни предизвика воспаление на грлото?

SLIKA-2

Доколку ладните пијалоци или сладоледот се консумираат набрзина и во голема количина, крвните садови во грлото се стеснуваат и настанува иритација. Но, ова чувство е краткотрајно и пролазно. Секако, тоа не доведува до воспаление на грлото и настинка. До воспаление на грлото доведуваат вирусите и бактериите.

Кога надворешната температура е висока, грлото станува посуво од вообичаено, а тоа им одговара на вирусите и бактериите. Оние кои страдаат од често воспаление на крајниците или од алергии, па дури и пушачите, редовно треба да земаат витамини за да го зајакнат имунитетот, со што ќе се намали можноста за воспаление на грлото.

SLIKA-3

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/playbuzz.com

сл2/daysoftheyear.com

сл3/cosmopolitan.com.au