Потсетување на детството со зелено „smoothie“

Спанаќот е продукт кој е богат со витамини А, Б и Ц. Го зајакнува имунитетот, го подобрува видот, а на некого барем за момент му дава сила и мускули. Ви нудиме одличен рецепт за smoothie на кој нема да можете да му одолеете, а исто така, без проблем може да го конзумираат и најмалите.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 банана

1 зелена јаболка

Цела рака листови спанаќ

2 кафени лажички мед

2,5 дцл јогурт

2,5 дцл нискомасно млеко

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро изблендирајте ги. За кратко време ќе добиете здрав и ревитализирачки пијалок.

На здравје!

SLIKA-3

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/ archanaskitchen.com

сл2/ greatist.com

сл3/ self.com