Како влијае „коњското опавче“ на косата?

Коњското опавче секогаш е одлично решение кога косата ни е малку мрсна, кога одиме на тренинг, кога готвиме, кога сме имале неуспешен обид за фризура.

Дерматолозите велат дека со честото вакво врзување, на косата ѝ нанесуваме голема штета. Косата станува потенка, што на долги стази доведува до нејзино проретчување. Косата може да се проретчи било каде на скалпот, позади ушите, на темето, залистоците над челото. На овие места косата може повторно да порасне доколку престанете да ја врзувате. Но, доколку не престанете фоликулите ќе станат трајно трауматизирани и косата ќе престане со растот.

SLIKA-3

Освен коњското опавче, на косата ѝ наштетуваат и пунџите, лентите, надградбите на коса или било која друга затегната фризура.

Ако Ве боли темето додека Ви е врзана косата и ако го имате она пријатно чувствона главата кога ќе ја одврзете косата, тоа значи дека претерано многу сте ја стегнале косата.

SLIKA-2

ГАЛА-совет: Носете некоја полабава варијанта на коњско опавче или пунџа. И не ги носете секој ден.

 

Е.С.

 

насловна/hairstylehub.com

сл2/gbtyl.com

сл3/ahthatsgood.wordpress.com