Beauty-рутина

Сите имаат своја beauty-рутина, односно рутина на нега на кожата на лицето која е многу важна. Особено од 20тите години натаму е убаво да се негуваат препораките и советите за формирање на рутина која најмногу одговара на кожата на лицето, да се стекне навика и да се пристапи посериозно кон потребата на лицето да биде негувано и хрането, бидејќи со текот на годините резултатите ќе бидат многу повоочливи.

Да издвоиме 5 значајни и кратки чекори во секојдневната beauty-рутина, кои досега сигурно сте ги чуле многу пати, но секогаш е важно да се потенцира нивното значење:

  1. Квалитетен сон, 7-8 часа.
  2. Пиење многу вода, особено наутро бидејќи не само што тоа е добро за целиот организам, туку е добро и за хидриратација и здрав сјај на кожата.
  3. Чистење и миење на лицето. Препорачливо е нечистотиите на лицето да се вадат со средство кое најмногу одговара на кожата (тоник и сл), особено при вадење на шминка, а потоа убаво да се измие лицето (но не со топла вода и не пречесто миење).
  4. Крема за лице. Бидејќи изборот на креми е доста голем и разновиден, луѓето најчесто се збунети при избор на вистинската крема. Убаво е да ја имате пронајдено кремата која на вашата кожа и одговара најмногу. Доколку Вашиот избор е дневна крема при изборот препорачуваме крема која содржи СПФ фактор и витамини во својот состав, кои не само што ќе ја негуваат вашата кожа, туку и ќе ја нахранат.
  5. Вадење на шминката пред спиење. Веќе на сите добро познато правило, кое е целосно вистинито, и за чие одложување ни уморот не е оправдување.

 

Ц.Б.