Инспирација од навиките на фит-луѓето

Доколку сакате да бидете фит, мора да водите сметка за Вашите секојдневни навики. Овие се некои од навиките на фит-луѓето кои Ви ги нудиме, а Вие слободно инспирирајте се, па можеби ќе станете и дел од нив.

Не пијат диетални пијалоци. Оние кои редовно пијат диетални пијалоци имаат 3 пати повеќе масно ткиво од оние кои не ги пијат. Најубаво е да пиете вода.

Не вежбаат секој ден. Доколку сакате да бидете фит секако дека мора да вежбате, но не и секој ден. Деновите за одмор се подеднакво важни како и деновите за вежбање. Во деновите за одмор мускулите се одмораат и се формираат.

SLIKA-2

Рационална употреба на слободното време. Доколку после работа си дојдете дома и веднаш легнете да одморите, а притоа, тоа одморање трае доста долго време, Вие само повеќе ќе мислите на храна, ќе јадете, а со тоа и ќе ги зголемувате килограмите. Затоа, слободното време употребете го за своето хоби, за некоја прошетка, за некоја добра книга… Изборот е неограничен.

SLIKA-3

Подготвуваат здрави оброци. Во кујната не мора да поминувате подолго време за да подготвите здрав оброк. Едноставно, сè што Ви е потребно се здрави продукти кои можете да ги подготвите на брз и лесен начин. Исто така, можете да си подготвите храна и за утрешниот работен ден, наместо да купувате готови производи од маркет.

Спијат по 8 часа. 8 часа сон во текот на ноќта се доволни за да се наспиете и одморите. Недоволниот сон доведува до последици по здравјето и зголемување на килограмите, често посегнување по високо калорична храна и недоволна мотивација за вежбање.

 

Е.С.

 

насловна/ cliquemag.com.au

сл2/ rantlifestyle.com

сл3/ thewoman.md