По кој редослед користите производи за лице?

ПО КОЈ РЕДОСЛЕД ГИ КОРИСТИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ ЗА НЕГА НА ЛИЦЕТО?

Сигурно дома имате многу производи за нега на лицето, но дали знаете по кој редослед да ги користите? Ве советуваме по кој редослед да ги користите, сè со цел да извлечете максимум од својата „beauty“ рутина.

Тоник – По миењето на лицето, нанесете тоник за хидратација. Со оглед на тоа дека, тониците обично се со воденеста текстура, а помалку со млечна, ова ќе биде вашиот најлесен производ за користење.

SLIKA-2

Серум – Има геласта текстура, па затоа треба да се нанесува под кремата која има тешка конзистенција. Ако серумот го нанесете врз густата крема, која потешко се впива во кожата, голем дел од него нема да навлезе во кожата и така станува бескорисен.

Крема – По серумот, следи кремата. Со неа ќе се „заклучи“ влагата која сте ја додале со серумот.

SLIKA-3

Масло – Доколку имате изразено сува кожа, со маслото ќе можете да го појачате ефектот на кремата. Можете да ставите две до три капки масло во самата крема или пак, да го нанесете веднаш по кремата.

Крема за делот околу очите – Овој производ е предпоследен. Причина за тоа е дека, доколку ја користите прва, па по неа сите останати производи, делот околу очите нема да биде доволно хидратизиран.

SLIKA-4

Локален третман – На крај следат локализираните третмани, меѓу кои спаѓаат и оние за мозолчиња. Сигурни сме дека не сакате да ги нанесете пред кремата, затоа што потоа, многу лесно ќе можете да ги размачкате деловите на лицето на кои не им е потребен ваков третман.

 

Е.С.

насловна/kidevo.com

сл3/skinwhiteningtips2014.blogspot.mk