На бразилска депилација за првпат

ПРВ ПАТ ПРАВИТЕ БРАЗИЛСКА ДЕПИЛАЦИЈА? ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ КАЈ КОЗМЕТИЧАРОТ.

Ако никогаш не сте го депилирале интимниот дел, сигурно Ве интересира што воопшто Ве чека кај козметичарот.

Постојат два вида бразилска депилација – првиот вид е депилирање на влакната само во бикини зоната, додека вториот вид е комплетна депилација на целиот интимен дел.

Различни пози – во текот на депилацијата морате да бидете легнати во најразлични пози, сè со цел да се дојде до секое влакно.

Последици – некое време по депилацијата можно е да имате непријатно чувство при движење или одење во тоалет, зависно од осетливоста на Вашата кожа.

Заборавете на понапопрни активности првите неколку часа после депилацијата. Тоа е така, затоа што кожата после депилацијата е иритирана и многу осетлива, а потта ѝ смета и може да предизвика воспаление. Затоа, избегнувајте и солариум, сауна и носење тесна долна облека.

Предупредување – на депилација одете секогаш свежо туширани, бидејќи лицето на козметичарот мора да биде многу блиску до Вашиот интимен дел. Теоретски, на депилација можете да одите и во текот на месечниот циклус, но препорачливо е да го направите тоа откако ќе Ви заврши.

Совет: По депилацијата намачкајте се со гел од алое вера или пак, нанесете бебешка пудра за да се смири иритираната кожа.

SLIKA-2

Е.С.

За применување на овие совети, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/beauty.about.com

сл2/allure.com