Нонтурирање – нов хит за ова лето (видео)

НОНТУРИРАЊЕ – НОВ ХИТ ЗА ОВА ЛЕТО СПРОТИВЕН НА КОНТУРИРАЊЕ

Нонтурирањето е нешто помеѓу здрав и природен изглед на кожата и изразено дефинирано лице.

Овде, најважно е кожата да изгледа здраво, сјајно и свежо. Лицето одлично изгледа на дневна светлина, за разлика од контурирањето, кое изгледа добро единствено на слика или видео. Сигурни сме дека ќе стане голем хит ова лето, бидејќи во тој период сите имаат природен make up изглед.

Нонтурирањето започнете го со нанесување хидратантна дневна крема, а потоа нанесете primer кој е наменет за Вашиот тип на кожа. Врз него ставете пудра и на крај следи осветлувањето со „highlighter“.

„Highlighter“-от нанесете го по средината на носот, над јаболчниците, под образите и над горната усна.

Погледнете го и видеото за да Ви стане појасно:

 

Е.С.

 

насловна.сл/ newsflow24.com