Зошто треба да јадеме тестенини?

Тестенините можат да Ве заситат и да бидат многу хранливи. Тие се редовни на менито на спортистите. Овие јаглехидрати се неопходни за работата на мозокот и за одржлива енергија за работа на мускулите.

Во себе содржат мононезаситени и полинезаситени масни киселини, антиоксиданси, билни влакна и протеини.

Најдобро е секогаш да бирате интегрални тестенини. Можеби на почетокот нема многу да Ви се допаднат, бидејќи имаат вкус налик на ореви, но можете да ги измешате со половина бели тестенини. Колку повеќе се навикнувате на вкусто, толку повеќе отстранувајте ги белите тестенини.

Тестенините комбинирајте ги со зеленчук, како карфиол, брокула, грашок, боранија, спанаќ. Доколку не можете без месо, тогаш тоа нека биде пилешко, мисиркино или телешко. Сирењето употребете го само како гарнир.

SLIKA-2

Е.С.

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/ aeb.org

сл2/ oreganopizzaandpasta.co.uk