Дополнување во ентериерот: Полици за книги

Сакате да промените нешто во својот дом? Да започнеме, и да да се задржиме кај полиците за книги. Не мора да сте страствен колекционер на книги и да ги поседувате илјадници за да имате полици во кои би ги наредиле.

Вистинските колекционери одат до тој чекор што и без размислување градат посебни библиотеки во својот дом, но доколку не сте едни од нив, а сепак сте обожавател на книги и ги имате дома собирано како ваше посебно богатство (бидејќи книгите се големо богатство), тогаш дефинитивно Ви требаат полици. Чувањето на книгите насекаде низ домот, во фиока, до кревет и на кревет, на клуб масичката во дневна не се решение. Бидете креативни и искобинирајте ги полиците за истовремено да бидат практични но и убави за око, декоративно и убаво осмислени.

Зависно од можностите во Вашиот дом, полиците можете да ги ставите во Вашата дневна соба, доколку е поголема, така што ќе даваат дополнителен визуелен ефект, или пак, доколку Вашата дневна е помала а спалната соба поголема можете да ги сместите во спалната соба, каде што ќе Ви бидат веднаш на „дофат“, особено доколку сакате да заспиете читајќи. Друга можност е да направите комбинација, дел од книгите кои сте ги прочитале може да бидат во Вашата дневна соба, а дел кои ги читате во спалната соба. Ова се само неколку предлози, секако оставаме на Вашиот вкус и креативност.

А ако веќе се решивте за додавање на полици за книги, можете да се инспирирате од овие предлози кои ги издвоивме за Вас. Навистина креативно, зарем не?

SLIKA-1

 

SLIKA-6

 

SLIKA-3

 

 

Ц.Б.

 

*Повеќе слики во ГАЛЕРИЈА