Што би требало да содржи едно „smoothie“?

За едно „smoothie“ да биде целосно и да можеме да го наречеме здрав појадок или ужина, треба да се состои од производи кои се навистина здрави и хранливи.

Тоа подразбира: течност + овошје/зеленчук + семки/жито/јаткасти плодови + зачини/додатоци + засладувачи.

Течност. Најчест и најлесен избор се кравјото млеко или јогурт. Но, можете да употребите и соино млеко, бадемово млеко, кокосово млеко или друго млеко добиено од семки или житни плодови. Исто така, освен млеко, може да употребите чај или вода, но така smoothie-то ќе Ви биде малку поретко.

Овошје/зеленчук. Ова е најважната група на состојки која е заслужна за вкус и хранливи вредности. Бидете сигурни дека не постои овошје или зеленчук кое не можете да го употребите во smoothie. Можете да ги употребите дури и замрзнати, бидејќи ќе немате потреба од додавање лед.

Семки/жито/јаткасти плодови. Овие производи се употребуваат за да се добие потребната густина, но и за да се внесат протеини, влакна и здрави маснотии во организмот. Најдобро е јаткастите плодови неколку часа пред употреба да ги ставите да отстојат во вода за подобра апсорпција на витамини и минерали.

SLIKA-2

Зачини/додатоци. Доколку сакате, овој дел можете и да го изоставите. Во принцип, овие зачини и додатоци служат за подобрување на вкусот. Можете да додадете нешто од она што го нарекуваме супер-храна: овошен прав, алги, протеински прав… буквално можете да си играте со вкусовите. Можете да додадете: цимет, ванила, ѓумбир во прав, куркума, сол, ментол, босилек…

SLIKA-3

Засладувачи. Најважно е ништо да не додавате однапред, без претходно да пробате. Доколку и понатаму е потребно, Ве советуваме да употребите мед наместо шеќер.

 

Е.С.

 

насловна/blogilates.com

сл2/spafinder.com

сл3/epicureandculture.com