На што да внимавате кога купувате чевли?

Доколку сакате да си купите нов пар чевли, тоа треба да го направите во соодветен период. Тука не станува збор за идеално годишно време, туку за идеален период во денот.

SLIKA-2

Ако се движите цел ден, без разлика дали сте биле на работа или на прошетка, нозете отекуваат и доколку се одлучите да купите нови чевли на крајот од денот има голема веројатност да купите барем еден број поголеми. Наредниот ден кога ќе го немате отокот на нозете, новите чевли секако, ќе Ви бидат големи. Исто така, несоодветните чевли (поголеми или помали) можат да доведат до деформитет на ногата.

Значи, доколку сакате да купите нови чевли или сандали според вистинскиот број што го носите, тогаш тоа би требало да го направите наутро.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

насловна/ lakeside.com