Дали правилно ја одржувате фарбаната коса?

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ПРАВИЛНО ЈА ОДРЖУВАТЕ ВАШАТА ФАРБАНА КОСА

Прашањето на колку време треба да се фарба косата си го поставуваат околу 90% од жените.

SLIKA-2

Колку често треба да се фарбате, зависи од тоа, кој дел сакате да го покриете. Поради тоа, Ви нудиме одговор:

Седа коса – проседата коса можете да ја фарбате поретко од седата. Седата коса се фарба на три недели.

Премин од потемна кон посветла – најважно е да се придржувате кон едно правило, а тоа е, косата да ја фарбате постепено, за да не ја оштетите. Така, со текот на времето таа ќе стане посветла. Но, сигурно ќе морате почесто да ја фарбате.

Фарбање во една боја – ова е едноставен процес и фарбањето зависи од брзиот раст на косата. Но, најдобро е да чекате четири недели, па повторно да ја офарбате.

Одржување на прамени – кога за прв пат ќе ги офарбате прамените, потоа не мора често да ги префарбувате. Најпрво заедно направете ги и подлогата и прамените. По четири недели префарбајте го коренот. На осум недели префарбајте ја целата коса. Направете повеќе нијанси, така што ќе изгледате поприродно.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна/hair-salon-hilton.com

сл2/efape.pt

сл3/saznajlako.com