Вкусот на храната според годишните времиња

За организмот, од големо значење е конзумирањето храна која е актуелна за даденото годишно време.

Киселиот вкус на храната е поврзан со пролетта. Киселата храна ја забрзува енергијата и особено корисна е за црниот дроб и жолчниот меур. Храна која има кисел вкус: леб, пченица, оцет, кисела зелка, лимон.

Горчливиот или загорениот вкус е поврзан со раното летото. Горчливата храна го стимулира срцето и тенките црева. Храна која има кисел вкус: црни семки од сусам, некои видови пченка. Додека, пак, благиот вкус е поврзан со доцното лето. Благата храна ги стимулира слезинката, желудникот и панкреасот.

Храна која има благ вкус: тркалезен зеленчук (кромид, зелка, тиква), мешунки, разни видови на жита.

Лутиот вкус на храната се поврзува со есента. Лутата храна ја стимулира циркулацијата, помага при исфрлање на токсините од телото, ги стимулира белите дробови и дебелото црево. Но, премногу лутата храна, како тропските зачини, создава хиперактивност, силна стимулација на крвта и надразнување на цревата. Храна која има лут вкус: млад кромид, бибер, ѓумбир.

Слоениот вкус се поврзува со зимата. Солената храна дава енергија, ја подобрува работата на желудникот, бубрезите и на уринарниот систем. Храна која има солен вкус: морска храна, соја сос, месо.

SLIKA-2

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице .

 

насловна/risingriverfarm.com

сл2/marinecatering.com