Квалитетен сон за правилни одлуки

Кога ќе се најдете пред голема одлука или кога се спремате за важен испит, најдобриот план е да легнете да спиете.

Во текот на спиењето, активностите кои се случувале во текот на тој ден, се повторуваат во мозокот. Тоа помага да се создаде сеќавањето. Сето тоа, се случува во хипокампусот, кој е дел од мозокот и претставува нешто како „шкафче за складирање на спомените“.

За време на спиењето се зајакнуваат врските помеѓу нервните клетки кои ги консолидираат спомените. Клетките одредуваат што е вредно за чување.

Затоа, кога ќе имате некаков испит, научете, легнете да спиете, па дури тогаш отидете да полагате.

Сонот ќе помогне и во намалувањето на стресот, а со тоа ќе бидете и повеќе фокусирани наредниот ден.

SLIKA-2

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите за здравје, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

слики/truemedcost.com