Времето лета, затоа искористете го…

 

300-158-3

Точно така,  како што растеме, така се’ повеќе имаме чувство како времето да лета, и навистина лета.

Затоа, искористете го тоа што ви го дава:

  • Не им ја зголемувајте вредноста на,
  •  всушност, невредните ситници – нервирањето и мислењето околу нив само ви го скратува времето.

 

  • 300-158Организирајте се подобро, а доколку не знаете како,употребете планер.
  • Не е воопшто страшно доколку не стигнете се’ да исполните во денот, не се форсирајте.

 

 

  • Имајте приоритети.300-158-5
  • Штедете ја и негувајте ја вашата сила и енергија! Вие знаете како.
  • Доколку нешто навистина ви одзема многу време и ви го скратува времето на остварување на вашите цели кои сте ги поставиле како приоритет, кажете – НЕ.  Тие што ве познаваат ќе ве разберат.
  • Најважните задачи за кои ви треба најмногу концентрација направете ги во денот кога таа концентрација ви е на највисоко ниво.

 

  • 300-158-4Грижете се за вашите односно со семејството и вистинските пријатели. Ценете го времето поминато со нив. Тоа е вистинско богатство.
  • Верувајте,  нема ништо лошо во тоа доколку не сте стигнале денес да го направите ручекот. Тоа на секого му се случува. Тој ден нека го направи некој друг за вас (затоа постои компромисот, нели?) или едноставно – направете нешто набрзина кое ќе ве засити, или почестете се во најблискиот или омилениот ресторан. Сте заслужиле!

 

Ц.Б.