4 брзи начини за подобро расположение

Никој од нас не е секогаш во добро расположение. Но, сепак постојат моменти во кои Вие самите ќе посакате да бидете порасположени, или пак, тоа ќе зависи од околностите, на пример додека сте на работното место.

Затоа, Ви нудиме четири начини со кои ќе можете да го подобрите расположението за триесетина секунди:

Растегнете се. Во стоечка положба благо раширете ги нозете, а рацете кренете ги нагоре и истегнете се најмногу што можете. Повторете го ова неколку пати. На овој начин крвта ќе проструи низ телото и веднаш ќе почувствувате подобрување.

SLIKA-2

Дишете длабоко. Неколку пати по ред вдишувајте и издишувајте. Длабокото и правилно дишење, особено ако сте надвор или барем пред отворен прозор, може да направи чуда. Дури 70% од лошите емоции ги празниме преку дишењето, а баш за и околу него воопшто не размислуваме.

Смејте се. Смејте се дури и кога не Ви е до тоа. Развлечете ја усната во насмевка и држете ја на лицето триесетина секунди. Доколку не успеете во тоа, пробајте со стиснати заби да држите молив и повторно развлечете ја усната.  Намерното смеење може да направи одредени промени во мозочната активност и да креира мозочни обрасци, исто како кога се смеете спонтано. Што повеќе се смеете, Вашиот мозок повеќе ќе ги зацврстува оние обрасци кои се асоцирани со доброто расположение.

Пијте вода. Кога сме дехидрирани мозокот пати најмногу. За подобра експресија напијте се барем една чаша вода, но не и сок.

SLIKA-3

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/facthacker.com

сл2/ thewaythroughthewoods.com

сл3/ tastemakercollectivemedia.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.