Благодети на медената вода

Благодетите на медот и на водата сигурно веќе Ви се добро познати. Затоа, Ви предлагаме да си направите медена вода со која ќе можете да се ослободите од различни болести или пак, да ја употребите за козметички цели.

Во чаша со млака вода, додадете 1 кафена лажица мед и добро промешајте. Вака, ќе добиете 30 постотен раствор од мед, кој по својот состав е идентичен со крвната плазма. Оваа вода целосно се апсорбира во организмот.

За превентивни здравствени цели, медовата вода треба да ја консумирате свежа, секое утро пред јадење. Помага при варењето на храната, го чисти организмот од токсини, го зголемува имунитетот, а се употребува и за лечење кашлица и бронхитис.

За козметички цели можете да ја употребувате како тоник за чистење лице. Со редовна употреба кожата на лицето ќе Ви стане негувана, мека и нежна.

SLIKA-2

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/bestherbalhealth.com

сл2/loseweightandgainhealth.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.