Љубовни зборови: Кај тебе сакам

КАЈ ТЕБЕ САКАМ

Ја сакам твојата добра душа,

пресликана во твоите

прекрасни очи.

Ја сакам добрината

широка,

во твоето големо срце.

Го сакам твојот мил глас,

кога знае да даде добар совет.

Го сакам твојот длабок глас,

кога знае да покаже строгост,

бранејќи ја правдата,

која се повеќе ја снемува.

Го сакам твоето трпение,

кога најмногу ми е потребно,

како да знаеш…

А најмногу од се ги сакам

твоите раце,

во кои можам вечно да заспивам и да се будам.

Ц.Б.