9 правила кои важат за секоја диета

Независно од тоа каква диета држите, Ви нудиме 9 правила за кои треба да се придржувате во самиот процес:

Јадете за да ослабете – морате да јадете за да ги изгубите килограмите! При секое внесување на храна се троши енергија, а така се трошат и калориите.

Не ги прескокнувајте оброците – најдобри резултати можат да се постигнат доколку јадете 5 до 6 помали оброци на секои 3 до 4 часа. Вака ќе го избегнете гладот, а и заморот.

Внесувајте ги потребните хранливи материи – треба да се внесат сите хранливи материи кои му се потребни на организмот, но притоа да се изберат оние продукти кои имаат пониска калорична вредност.

Стекнете искуство во мерката – обрнете внимание на количината на оброкот и со тек на време отфрлете ја кујнската вага. Почнете приближно да ги одредувате потребните продукти „од око“.

Јадете побавно – потребно е храната да ја јадете што побавно, а не „од нога“. На тој начин ќе го олесните варењето на храната, а ќе ги спречите непријатностите при процесот.

Редослед на храната – најпрво изедете ја салатата. Таа има целулоза која дава чувство на ситост и ја спречува апсорпцијата на мастите. Потоа, изедете го месото заедно со другите продукти кои влегуваат во составот на Вашата диета.

SLIKA-2

Престанете кога е најслатко – престанете да јадете механички покрај телевизорот, компјутерот или весникот. Сконцентрирајте се на храната и престанете кога ќе почувствувате ситост.

Исто темпо и по диетата – ритамот на консумирање на оброците адржете го дури и тогаш кога ќе ја постигнете посакуваната тежина. Оброците можете и да ги замените со други продукти, но никако не смеете да ги прескокнувате.

Заборавете на вагата – измерете ја телесната тежина првиот ден од почнувањето на диетата и од последниот ден на завршувањето. Постојаното мерење создава нервоза, но и резултатите не се релевантни.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

насловна/dancelifestudio.com

сл2/healthyfoodtaste.com

сл3/dietprogram4u.com

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.