5 совети како полесно да зголемите килограми

Зголемувањето на килограмите е поврзано со внесување квалитетни јаглехидрати, протеини и здрави маснотии. Сите оние кои сакаат да ги зголемат килограмите, најпрво мораат да го зголемат внесот на калории во организмот.

Доста знаеме за тоа како да ги намалиме килограмите, но малку за тоа како да ги зголемиме. Затоа, Ви нудиме 5 совети за зголемување на килограмите:

Внесувајте здрави производи. Под здрави производи се подразбираат овошјето и зеленчукот. Исто така, консумирајте црн леб со семки, разни житарици и јаткасти плодови. Не ги заборавајте месните и млечните производи.

SLIKA-2

Внесувајте здрави маснотии. Не го оптоварувајте организмот со нездравите маснотии, кои подоцна можат да му наштетат. Консумирајте кокосово и маслиново масло, салати и тестенини.

Внесувајте здрави десерти. Овде спаѓаат сладоледот, црното чоколадо, кекс и колачиња со житарки, семки, јаткасти плодови или суво овошје, овошни пити и мафини. Сите овие имаат голем број калории, протеини, здрави маснотии и влакна.

Јадете често. Храната поделете ја на 6 оброци од по 500 калории.

SLIKA-3

Редовно правете си smoothies. Smoothie-то може да Ви замени еден оброк. Тоа треба да содржи млеко, овошје или зеленчук, семки, житарки или јаткасти плодови, зачини и засладувачи.

Освен правилната исхрана, треба да практикувате и вежби за целото тело со цел да ги оформите мускулите, а со тоа и дополнително да добиете на тежина. Вежбајте барем 3 пати во текот на неделата.

 

Е.С.

насловна/ theidleman.com

сл2/ looseweightyourway.com

сл3/thedcladies.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.