Отстранување на дамки на кожата после фарбање

Колкупати до сега Ви се случило додека ја фарбате косата, од невнимание или брзање од фарбата да си направите дамки на кожата на главата, односно на челото, ушите и вратот, кои подоцна тешко можете да ги отстраните?

SLIKA-2

Затоа, пред да почнете со фарбањето на косата, направете мрсна бариера помеѓу кожата и фарбата. Можете да нанесете крема за лице, вазелин, регенератор или лосион. На овој начин кожата нема да ја впие фарбата.

Доколку не го направите ова пред да почнете со фарбање на косата, Ви нудиме неколку трикови со кои ќе можете лесно да ги отстраните веќе направените дамки.

Ацетон за нокти. Ацетонот е одлично средство за отстранување на дамки од боја на кожата. Но, не го употребувајте во пределот околу очите или доколку имате осетлива кожа. Најидеален за употреба е на кожата на рацете и на ноктите.

GALAFARMM

Паста за заби. Употребувајте паста која не содржи гел и која е исклучиво за избелување на забите. Пастата за заби содржи доволно количество абразивни средства за отстранување на дамките од фарбата.

Сјај за садови во комбинација со сода бикарбона. Измешајте еднаква количина сјај за садови и сода бикарбона. Смесата нанесете ја врз дамката и тријте со влажен пешкир.

 

Е.С.

насловна/sheknows.com

сл2/trusper.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.