Трикови за визуелно побели заби

Доколку не сте во можност да купите некое ефикасно средство за избелување на забите или да посетите стоматолог за таа намера, ние Ви нудиме неколку трикови со кои барем визуелно ќе имате побели заби:

Сончан тен. Во летниот период сончаниот, односно темниот тен овозможува визуелно побели заби. Во зимскиот период освен кремите за самопотемнување или солариумот, одлична замена е темната пудра. Но, внимавајте да не претерате со многу темната нијанса.

Кармин со сини подтонови. За визуелно побели заби важна е и бојата на Вашиот кармин. Ве советуваме да употребувате кармини со сини подтонови, наместо кармини со портокалови или жолти подтонови. Овие вториве забите ги прават да бидат визуелно пожолти.

Накит. Многу е важен изборот на накит. Белото злато, среброто, кристалите овозможуваат визуелно побели заби, за разлика од златниот накит или целата онаа бижутерија со жолта или златна боја.

Облека. За визуелно побели заби носете облека во секоја боја, освен во бела. Со белата боја доааѓат до израз пожолтените заби. Наместо бела, облечете светло кремаста.

SLIKA-2

 

Е.С.

насловна/walldevil.com

сл2/blog.pinerundental.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.