Кој витамин недостасува на Вашето тело? -1дел

ПРЕПОЗНАЈТЕ КОЈ ВИТАМИН МУ НЕДОСТАСУВА НА ВАШЕТО ТЕЛО (прв дел)

Витамин А. Овој витамин е застапен во рибиното масло, јајцата, млекото и млечните продукти, темнозелените и жолтите зеленчуци.

Намаленото внесување на витаминот А во организмот доведува до појава на груба, сува и оштетена коса, лесно кршливи нокти, вирусни инфекции, загуба на апетитот, проблеми со коските, главоболка.

Витамин Ц. Овој витамин го поттикнува имунолошкиот систем за борба против бактериите и инфекциите. Разните видови овошје и зеленчук се богати со овој витамин.

Намаленото внесување на витаминот Ц во организмот доведува до зголемена појава на инфекции, модринки, изразени вени, неможност за извршување физички и психички напори.

SLIKA-2

Витамин Д. Овој витамин е познат како сончев витамин, бидејќи во човековото тело се создава по природен пат, кога тоа е изложено на сонце. Исто така, овој витамин може да се најде во месото од риба, рибиното масло, жолчката од јајцето, корнфлексот, кравјото млеко, сирењето, маргаринот.

Намаленото внесување на витамин Д во организмот доведува до промени во коскеното ткиво. Кај децата се појавува рахитис – омекнување и деформирање на коските, а кај возрасните остеопороза. Омалаксаноста, зголеменото излачување пот, слабоста се исто така симптоми за недостаток од овој витамин.

Витамин Е. Овој витамин има неверојатно дејство врз здравјето на кожата, го подобрува имунолошкиот систем, ја зголемува плодноста кај половите и помага во борба против срцевите и канцерогените заболувања. Витаминот Е може да се најде во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчуците со зелени лисја, житариците, семките од сончоглед и тиква.

Намаленото внесување на витамин Е во организмот доведува до не толку со око видливи симптоми, туку со симптоми поврзани со дигестивниот систем, анемија, проблеми со панкреасот и жолчката.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна/yeahmag.com

сл2/incolors.club

сл3/smartypantsvitamins.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.