Подгответе домашен сируп против кашлица

Овој природен лек можете да го направите сами од производи кои сигурно веќе ги имате дома. Доколку ги немате, можете да ги набавите во продавниците за здрава храна. Исто така, него можат да го консумираат сите генерации.

Потребни состојки:

200 гр шеќер

300 мл вода

7 прстофати жалфија

6 ловорови листа

1 супена лажица камилица

1 супена лажица бел слез

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Во сад почнете да го растопувате шеќерот на ниска температура се додека да добие кафена боја, а потоа додадете ја водата. Мешајте, се додека шеќерот не се растопи. Потоа, во водата додадете ги и останатите состојки и оставете да врие 3 минути. Откако ќе се олади, содржината сипете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Додека го консумирате овој сируп, не заборавајте во организмот да внесувате свежо овошје и зеленчук.

SLIKA-3

Е.С.

насловна сл/greenprophet.com

сл2/stil.kurir.rs

сл3/honey.com

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.